Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски. Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици. Според професорот од Факултетот за ветеринарна медицина Александар Додовски, во Македонија се спроведува активен и пасивен мониторинг кој покажа дека нема индиции за други угинати птици и живина.Директорот на АХВ Поповски апелира - ако некој забележи појава на птичји грип, да го пријави случајот и да соработува со службите зашто болеста е опасна.