ВМРО-ДПМНЕ сака избори, а не ново мнозинство

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите ќе вложи максимални напори за да се почитува волјата на мнозинството гласачи кои ја дадоа поддршката за програмата на Коалицијата за подобра Македонија. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека одржувањето на нови избори е најдоброто решение во насока на надминување на кризата и враќање на реформските приоритети во прв план“, одговараат од партијата на прашањето на Радио Слободна Европа – Дали започнале преговори за обезбедување на мнозинство за формирање влада?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не успеа да формира мнозинство во дадениот рок, по што го врати мандатот. Потоа претседателот Ѓорге Иванов реши да не го дава мандатот на ниту една партија, туку го услови само со доказ за собрани 61 пратеник.