Јеитс во понеделникот изјави дека Министерството за правда нема да го брани на Суд декретот на претседателот Трамп со кој во наредните 120 дена се стопира влезот на бегалци во земјата, и неопределно за бегалци од Сирија, како и 90 дневна забрана за влез на граѓани на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен во Соединетите држави.
Таа посочи дека не верува оти одбраната на декретот ќе биде во согласност со американските закони.
Неколку часа потоа таа беше отпуштена. Белата куќа соопшти дека Јеитс „го предала Минситерството за правда со тоа што одби да спроведе законска одредба која има за цел заштита на граѓаните на САД“.
Притоа се наведува дека нејзиниот потег бил политички мотивиран. Професорот на Универзитот на Јужна Каролина Сем Ерман вели:
„Отпуштање јавен обвинител не е сосема непознато, но не одеше така добро во минатото кога се случуваче. Ова меѓу опонентите на претседатлската наредба само ќе го зголеми чувството дека та е надвор од законот на некој начин“.
Јеитс беше наименувана од поранешниот претседател Барак Обама и требаше да остане на таа функција се додека Сенатот не одобри нов главен обвинител. На таа позиција е предложен републиканскиот сенатор Џеф Сешнс.
„Јеитс е наименувана од администарцијата на Обама и е слаба во врска со границите и илегалната миграција“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Нејзиното место го презема Дана Боенте, обвинител во Источниот дистрикт на Вирџинија. Боенте претходно изјави дека ќе ја спроведува имиграциската наредба.
Има мал број на случаи во американската историја кога министерот за правда јавно не се согласува со Белата куќа.
Најпознатиот пример беше во 1973 година кога тогашниот јавен обвинител Елиот Ричардсон и неговиот заменик поднесоа оставка за да не ја спроведат наредбата на тогашниот претседател Ричард Никсон да го отпуштат специјалниот јавен обвинител кој ја истражуваше аферата „Вотергејт“.
Инцидентот кој стана познат како „Саботен ноќен масакр“ беше пресвртна точка за никсоновата администрација.