ДУИ не донесе одлука за формирање влада со ВМРО ДПМНЕ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пред седиштето на партијата во Мала Речица изјави дека се уште не е донесена одлука за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што крајниот рок за формирање на влада истекува на полноќ. Тој посочи дека уште пред неколку недели започнала сеопфатната дебата за петте предлози кои лидериот на ДУИ, Али Ахмети ги претстави како можни.

„Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може денеска да биде испрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени на маса“, посочи Османи.

Тој порача дека во наредните денови продолжуваат консултациите, бидејќи не е исцрпена дебатата и повтори дека сите опции се отворени. Според него, на ДУИ пред се и е битен договорот со Албанците потпишан на 11 декември.

Петте опции на ДУИ се однесуваат на коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да одат во опозиција или на нови избори.