Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање, а онаму каде што постојат различни ставови и мислења треба да се решаваат преку дијалог, рече претседателот Ѓорге Иванов. Тој денеска по повод празникот Свети Сава ги прими потпретседателот на Собранието на Република Србија Верољуб Арсиќ, амбасадорот на Република Србија во Република Македонија Душанка Дивјак - Томиќ и припадници на српската заедница во Република Македонија.
Честитајќи го празникот Свети Сава, Иванов истакна дека Македонија е пример на овие простори како се почитуваат и како се прифаќаат етничките заедници, вклучително и српската.