ВМРО-ДПМНЕ: Назадувањето во борбата со корупцијата е поради Спасовски, Ременски и СЈО

Даниела Рангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција излезе со став дека враќањето на власт на СДСМ значи корупција, неодговорност, разградување на институциите, деструкција и назадување, наместо проекти, реформи и напредок.

Партијата смета дека назадувањето на земјата на листата на Транспаренси интернешнл е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски, како технички министер во МВР, на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјала и на работењето на новоформираното Специјално јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева.

"Оливер Спасовски ќе остане запаметен по тоа што цела година откако ја извршуваше функцијата технички министер, не реализираше ниту една акција за сузбивање на криминалот и корупцијата", рече на прес-конференција Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Рангелова, ништо подобро не се однесувало ниту како што рече нивното СЈО кое наместо да го гони криминалот се ставило во негова целосна заштита.

"Првиот чекор на Катица Јанева беше укинувањето на притворот на Зоран Верушевски, а нејзиниот непрофесионализам и пристрасност кулминираа со аболицијата на криминалецот Зоран Заев за неговата одговорност во случајот „Пуч“", изјави Рангелова.

Ова, посочува таа, е факт и не може да го сокрие ниту невладината Транспаренси интернешнл, блиска до Сорос и СДСМ