ВМРО-ДПМНЕ смета дека денеска отворените истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното и политичко постапување на СЈО.
Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека отворањето на истрагите е уште едно дефокусирање на специјалната обвинителка Катица Јанева, од, како што истакна, срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“.
Јанева, посочи Ристовски, наместо да одговори на прашањата за одлуката за повлекување од „Пуч“ само потврдила дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристовски потенцираше дека единствената причина поради која што Јанева ја донела одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите.