Властите во Москва не одобруваат протест за закон против семејно насислство

Илустративна фотографија. Антивладини протести на плоштадот Болотнаја. 10.12.2011

Московските власти негираа одобрение на активисти за протест на централниот плоштад против закон со кој ќе се декриминализираат некои форми на семејно насилство во Русија.

Организаторите сакаа да одржат протест на 28 јануари на плоштадот Болотнаја, на кој било предвидено да присуствуваат околу 1000 луѓе.

При одбивањето на барањето канцеларијата на градоначалникот Сергеј Собјанин соопшти дека нема доволно простор на плоштадот, место на кое се собирале десетици илјади луѓе на протести.

Нацрт законот ќе биде „умерен“ за семејното насилство кон жените и тоа ќе биде административен прекршок наместо кривичен, со тоа што оние кои ќе бидат прогласени за виновни ќе можат да платат парична казна наместо да одат во затвор.

Нацрт законнот лесно помина во првото од трите гласања во Долниот дом на Парламентот. Второто читање е закажано за 25 јануари.

Амнести интернешнал на 19 јануари повика Русија да не го усвојува законот, нарекувајќи го „болен обид за тривијализација на семејното насилство“ со кој ќе се поткопа и онака слабата заштита против злоупотребите.