Косовските активистки се придружија на глобалниот женски марш, кој во Приштина го организира Мрежата на жени на Косово.
Претседателката на мрежата, Игбале Ругова, рече дека и во Косово има луѓе на функции кои користат сексистички речник кон жените. Целта на маршот е остро да се осуди употребата на раков речник од страна на косовските политичари, велат организаторите.
„Пораките на Доналд Трамп за време на кампањата не влијаеја само на жените во Америка, туку и во целиот свет. Америка е силна држава и како таква влијае на светот“, рече Ругова.
Жените во Приштина носеа транспаренти „Доста со насилство врз жените“, „Стоп за сексистичкиот јазик“ и „Подигни го гласот против насилството“.