Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Доналд Трамп по повод стапувањето на должноста Претседател на Соединетите Американски Држави.
„Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам стапувањето на должноста 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави и да ви упатам најискрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција. Воедно, преземањето на должноста ви го честитам и во името на сите граѓани на Република Македонија“, вели Иванов во честитката.
Македонскиот претседател изразува надеж дека со заемен ангажман ќе се даде личен придонес за интензивирање, продлабочување и зацврстување на стратегиското партнерство и пријателство меѓу Република Македонија и Соединентите Американски Држави, за што, потврдува дека постои особен интерес и подготвеност од Република Македонија.
„Сакам да знаете дека во Република Македонија и во мене имате искрен пријател и поддржувач“, вели претседателот Иванов во честитката до неговиот американски колега Трамп.