1.Воведување уставен амандман за должината на мандатот во Конгресот.
2.Замрзнување на вработувањата во федералната влада со цел да се намали платниот список на јавната администрација. Исклучени од ова ќе бидат војската, јавната безбедност и агенциите за јавно здравје.
3.Забрана за функционери од Белата куќа и Конгресот да станат лобисти пет години откако ќе заминат од функцијата во владата.
4.Најава на план да се преговара одново за Договорот за слободна тргови со Канада и Мексико, во спротивно САД да се повлече од договорот.
5.Официјално повлекување од Транспацифичкото партнерство.
6. Откажување од рестрикциите за вадење руда, нафта и природен гас.
7. Елиминирање на сите блокади од администрацијата на Обама за проекти поврзани со енергетиката.
8. Откажување на плаќањето на програмата на Обединетите Нации за климатски промени и пренаменување на парите за инфраструктура за води и животна средина во САД.
9. Стопирање на државното финансирање на „светите градови“, места каде локалните функционери не апсат или задржуваат мигранти кои немаат легална дозвола за работа и живот
10. Укинување на миграцијата од региони поврзани со терористички напади или закани, каде проверките и контролата се отежнети.