Со левата рака на Библијата која ја користеше Абрахам Линколн, Доналд Трамп денеска ќе даде заклетва како 45-ти претседател на САД. Потоа тој ќе има свое обраќање на Западното крило на Капитол, по што ќе ја предводи парадата до Белата куќата. Инаугуративното обраќање на Трамп се очекува да трае околу 20 минути. Неговиот портпарол Шон Спајсер изјави дека Трамп ќе даде „многу инспиративен говор“, посветен на заедништвото во земјата. Околу 900.000 луѓе се очекува да присуствуваатна настанот, меѓу нив и илјадници демонстранти. По церемонијата Обама ќе го напушти Вашингтон. Според традицијата, Обама ќе му остави во Овалната соба писмо на својот наследник. Содржината на писмото не се открива. Додека 20 минути може да се чини кратко за инаугуративен говор, тоа нема да биде и најкраткиот говор. Говорот на инаугурацијата на Џорџ Вашингтон во 1793 година се состоеше од околу 130 зборови. Најдолго инаугуративно обраќање имал Вилијам Хенри Харисон. Неговиот говор на 4 Март 1841 содржел повеќе од 8440 зборови и траел еден час и 45 минути. Харисон, кој го одржа својот говор во снежна бура без капа или палто, почина од пневмонија еден месец подоцна.