Ниските температури го "замрзнаа" студентскиот дом во Центар

сметка за парно

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во центарот на Скопје студентите шести ден поред неизменично остануваат без струја во делови од домот, пишува ЦИВИЛ Медиа . Според Цивил студентите престојуваат во делови од домот каде што има електрична енергија. Според информациите на Цивил од четвртокот, речиси четириесет и осум часа, електрична енергија има само во неколку соби од Домот и тоа од време на време.

Студентите велат дека секоја година се соочуваат со истите проблеми. Инсталацијата во домот е стара и дотраена

Од раководството на Стдентскиот дом со реакција дека во сите три државни студентски домови парното функционира без проблем, а јачината на топлината е идентична како и во сите други објекти во градот поврзани на централната мрежа.Тие наведуваат дека во услови на екстремно ниски температури на студентите им е дозволено да вклучуваат и дополнителни грејни тела.

Во врска со електричната енергија, од раководството наведуваат дека поради ниските температури еден ден имало дефект во мрежата на ЕВН и прекин на дистрибуцијата до еден дел од студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, но оти состојбата е нормализирана.