Заменик помошникот државен секретар на САД Брајант Хојт Ји изјави дека сега е важно политичките партии да преговараат, и да најдат начин да формираат коалициска влада.
Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес, рече Хојт Ји во изјава за Гласот на Америка.
– Сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како Специјалното јавно обвинителство и целите – изјави Ји.
Тој додава оти верувадека политичките партии ќе се фокусираат на целите награѓаните, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција.