Специјалното јавно обвинителство одзело документи од државниот архив, во рамките на предистражна постапка.
Од СЈО не откриваат што е предмет на нивна истрага, но директорот на на архивот Филип Петровски за телевизијата Телма потврди дека се работи за документи поврзани за проектот „Скопје 2014-та”.
Прибавена била одредена документација и сето тоа било направено според сите законски прописи, без да има апсења на некои личности или пак упад, како што претходно, се шпекулираше.