Aхмети: можни се и нови избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека е логично неговата партија да ги отвори преговорите за формирање нова влада со победничката партија на последните предвремени парламентарни избори. Тој во иинтервју за ТВ21 додаде дека сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа 99 пати, па дури потоа да се пресече. Ахмети изјави дека платформата на партиите на Албанците во Македонија не е услов за преговори, туку документ кој треба да го спроведува која било партија од потписничките и дека треба меѓусебно да се поддржуваат по однос на овие точки. Лидерот на ДУИ смета дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада.