Растат кинеските инвестиции во Силиконската долина

Кинеското инвестирање продолжува во американскиот дигитален сектор и тоа на рекордно високо ниво, покажуваат податоците на американската компанија Си Би Инсајт. Според нив, 26 насто од сите американски стартап проекти во вредност од над милијарда долари имаат инвеститори со седиште во Кина.

Во првите три квартали во 2016 година, кинеските инвеститори склучија 160 договори со американски фирми во вредност од 3 ипол милијради долари.

Најавени се и дополнителни инвестиции. Меѓу нив и од компанијата за едукација „Њу Ориентал“ од Кина која е заинтересирана за Силиконската долина.

Нејзиниот претставник Мајкл Ју вели:

„Една од главните причини за да ги донесеме парите тука во Силионската долина е дека таа е прочуена по најбрилијантните умови и идеи“.

ЏиЕлЕф е стартап проект кој се занимава со производство на полупроводници и 60 насто од парите ги добива од Кина.

Стивен Брајсон е косоновач на оваа фирма:

„Тоа е прилично интегрално. Ви го кажувам тоа. Многу многу тешко е да добиеш фондови за компанија која прави полупроводници во оваа Долина“.

Ванг Ксиао, директор на компанијата која организира настани за поттикнување на инвоациите вели дека Кинезите ја обожуваат Силиконската долина веќе 30 години.

„Но, во Кина, тие имаат амбиција. Тие не сакаат да свират втора виолина. Тие не сакаат да бидат приклучок секогаш. Тие сакаат да имаат предност во идниот бран на технолошки иновации, веројатно со нови платформи како виртуелна реалност, измешана реланост, дронови...“.

Кинеската компанија ИнгДан отвори свое претставништво во Силиконската долина. Таму луѓето можат да најдат се од личен прочистувач, до звучници кои лебдат.

ИнгДан е една од најголемите кинески платформи која ги поврзува стартапите со пазарите во светот. Ли Шипенг вели:

„Знаеме дека Силиконската долина е навистина инвоативен центар во светот, сочинет од многу големи стартапи, креативни идеи, големи луѓе и таленти. Сакаме да влеземе во неа. Од друга страна, на американските компании им е неопходно да влезат во кинескиот пазар исто така“.

Ли очекува нивниот фонд за технолошки развој да расте, наведувајќи дека најверојатно ќе покренат нови проекти во Соединетите држави многу наскоро.