Џаред Кушнер, зет на избраниот американски претседател Доналд Трамп ќе стане висок советник во Белата куќа кој ќе биде задолжен за трговска политика и Блискиот исток. 36 годишниот Кушнер ја доби оваа функција откако добил уверување дека тоа нема да претставува повреда на законите за анти непотизам. Позицијата не бара одобрување од Сенатот и Кушнер нема да добива плата за тоа. Кушнер е оженет за ќерката на Трамп, Иванка. Во меѓувреме, Трамп предвиде дека сите негови избраници за новата администрација ќе добијат одобрување од Сенатот.