Упад во ССМ, нападнат в.д претседателот

Архивска фотографија-Разрешениот претседател на ССМ Живко Митревски

Група рекетари предводена од разрешениот претседател на ССМ, Живко Митревски, утрово околу 4 и 30 часот насилно влегле во зградата на ССМ, притоа повредувајќи го в.д претседателот Дарко Димовски.

„В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски беше физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија“, изјавија претставници на четирите синдикати кои ноќеска останале во внатрешноста на зградата.

До ова дојде откако вчера Министерството за труд и социјална политика соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.