Во Турција продолжена вонредната состојба
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Турскиот парламент изгласа продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци. Таа најпрвин беше воведена по неуспешниот воен удар на 15 јули, а беше продолжена за три месеци во октомври. Со неа се овозможува владата да го заобиколува парламентот во донесување нови закони.