Претседателот на Молдавија, Игор Додон изјави денеска дека утре ќе оствари средба со лидерот на отцепениот регион Трансдњестар. Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша и дека средбата со Владимир Красноселски ќе се одржи во градот Бендери. Според него, средбата е неопходна со цел да се интензивираат разговорите за изнаоѓање решение за Трансдњестар, додавајаќи дека прашањето ќе биде во фокусот и на разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.