Осум членови на терористичката организација Исламска држава се уапсени во операција на специјалните сили на Анкара, јави агенцијата Анадолија. Уапсените се осомничени за подготовка на терористички напад вечерва за време на дочекот на Нова година.
Не е прецизирано каде планирале да го извршат нападот.
Претходно турската полиција уапси 30 лица, осомничени за поврзаност од ИД во градот Адана.