Советот на директори на „Газпром“ и одобри кредит од 310 милиони евра на компанијата „Саут Стрим Транспорт“ за изгрдба на гасоводот „Турски поток“.
Проектот „Турски поток“ беше промовиран од Русија во декември 2014 година како замена за „Јужен поток“. Според проектот, гасоводот ќе минува по дното на Црно Море до европскиот дел од Турција и границата со Грција. Должината на делот под морето е околу 910 километри, а на копнениот 180 километри. Цената на проектот е 11,4 милијарди евра.