Политичките лидери на Албанците од Македонија на средба со Рама

албанскиот премиер Еди Рама

Лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија вчера во Тирана, како што јавуваат албанските медиуми, имале средба со албанскиот премиер Еди Рама. На средбата со Рама на која учествувал и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати биле лидерoт на ДУИ Али Ахмети, лидерот на ДПА-Движење за реформи Зијадин Сеља и Билал Касами од движењето „Беса“. Според медиумите, во фокусот на разговорот била политичката ситуација во Македонија и формирањето нова влада.