Во Собранието во пресрет на утрешната конститутивна седница на новиот состав денеска се одржа координација на претседателот на Парламентот во заминување Трајко Вељаноски со претставници на партиите кои ќе имаат свои пратеници.
СДСМ смета дека Вељаноски не треба да ја води седницата на Парламентот, иако тоа е превидено со Деловникот за работа на Собранието. Коалицијата предводена од СДСМ на средбата ја претставуваше Оливер Спасовски смета дека најстариот пратеник треба да претседава со седницата.
Според досегашната пракса конститутивната седница ја водеше најстариот пратеник, но овој пат од кабинетот на Вељаноски се повикуваат на деловнички измени од 2013 година во кои, според нив, му е дадено правото на последниот претседател да ја води конститутивната седница.
На средбата кај Вељљаноски присуствувале Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Талат Џафери од ДУИ, Африм Гаши од БЕСА и Весел Мемети од Алијансата на Албанците, претставник на ДПА немало.
Конститутивната седница на Парламентот е закажана за утре во 13 часот.