Ахмети: ако не се прифатат нашите барања, Македонија ќе нема влада

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека нема да ги разочара албанците со одлуката со кој ќе влезе во новата влада на Македонија. Тој во интервју за телевизијата „Алсат М“ не прецизира дали изборот ќе биде ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Ахмети исто така изјави дека се уште немало никакви преговори со лидерите на двете партии кои добија најголем број пратенички мандати. Ахмети не је исклучи можноста Македонија да остане без влада ако не се прифатат неговите барања за унапредување на правата на албанците. Тој оцени дека „кај македонските партии треба да надвладее разум, бидејќи најштетна алтерантива за земјата е да остане без влада“.