Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од група професори од Битола која се однесува на неколку одредби од законот за средно во делот на екстерното тестирање во кој се предвидува дека ученикот кој е незадоволен од резултатите од тестот за екстерно оценување има право да поднесе приговор до училишната комисија. Уставниот суд оценил дека тие одредби веќе не се во правниот поредок.
Иницијативата е поднесена во 2013 година, а оттогаш законот претрпе неколку измени. Професорите го оспоруваат начинот на организирање на екстерното, работата на училишната комисија и проверката на тестовите.