Затворен бидејќи не сакал да го служи Ердоган

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Затворен за навреда на Ердоган

Турските власти го упасија менаџерот на кафетеријата на опозицискиот весник „Џумхуријет“ поради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Имено, како што изјавија неговите бранители, тој рекол дека нема да го послужи Ердоган со чај доколку влезе во неговата кафетерија.

Шенол Буран кој ја води кафетеријата на истанбулската канцеларија на „Џумхуријет“, весник кој е критички настроен спрема власта, бил приведен откако полицијата влегла во неговиот дом. Колумнистот на овој весник Шукран Шонер вели:

„Би сакала да кажам дека ова не е поврзано со демократија или толеранција. Тоа се случи во овој објект и да се стави нечиј гнев во официјален извештај ... Каков вид на перцепција, култура, образование е ова?“

Навредувањето на претседателот е казниво во Турција и за ова дело може да се добијат до четири години затвор.

Адвокатите на Ердоган кој доминира во турската политика над една деценија имаат покренато над 1800 слични случаи, меѓу кои, и против поранешната Мис на Турција, како и ученици кои наводно го навредувале претседателот.

По неуспешниот пуч во јули годинава, Ердоган рече дека ќе се откаже од нивно процесуирање како гест на национално единство.

Буран бил уапсен откако полицаецот кој се грижел за безбедноста на весникот изјавил дека слушнал како тој навредливо зборувал за Ердоган и оти рекол дека нема да го послужи со чај ако некогаш ја посетел кафетеријата.

Според судските документи, Буран демантира дека го навредувал претседателот, но потврдил дека рекол оти не би сакал да го послужи со чај. Буран изјавил и дека веќе две години бил во кавга со полицаецот.

Адвокатот на „Џумхуријет“ Абас Јалчин вели:

„Тие применуваат постапка за притвор за неодамнешно навредување на претседателот. Тие го прават тоа како вид на казна“.

Дестмина вработени во „Џумхуриет“ во Истанбул беа уапсени во ноември годинава под сомневање дека биле поврзани со курдските милитанти и со турскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД.

Турските власти ги обвинуваат неговите следбеници за државниот удар.

Од пучот во јули досега се уапсени над 110 илјади луѓе.

Властите им го имаат замрзнато имотот на 54 новинари кои се под истрага или во затвор за поврзаност со Ѓулен кој пак, ги отфрла обвинувањата.

Западните сојузници и групите за човекови права велат дека Ердоган го користи пучот за да се справи со оние што се против него.