Европската комисија нема да му честита на победникот на предвремените парламентарни избори, туку тоа ќе го стори откако ќе биде избрана новата влада и премиер, изјави денеска портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, јавува МИА.
Во исто време, таа, во име на Европската комисија, го повтори соопштението на Могерини и Хан, издадено ден по изборите што се одржаа на 11 декември, а во кое тие потврдуваат дека изборите во Македонија „се одржале на мирен и уреден начин“ како клучен елемент од Пржинскиот договор.