СДСМ се обидува со некои прегласувања да изманипулираат или да создадат услови за фалсификување на волјата на народот, но ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека и народот во Теарце без разлика на нашиот политички став, е позрел од Заев и ќе го победи и таму каде што треба да се прегласува, изјави денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, чпен на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Заев дека е крајно време да ги прифати изборните резултати.
„Народот те слушна, народот те прочита и народот те порази. Не мораш да му честиташ на ВМРО-ДПМНЕ ако тоа за тебе претставува личен пораз, но господине Заев бидете доблесен и честитајте му на македонскиот граѓанин кој што достоинствено гласаше и направи достоинствена победа. Крајно време е да престане господинот Заев да сее раздор и конфликти помеѓу Македонците затоа што мнозинството Македонци ја донесоа својата изборна одлука и таа мора сите да ја почитуваме,“ изјави Милошоски.
Милошоски потенцира дека политиките на креирање на кризи, диструкција и пазарења со националните интереси завршија на изборите на 11-ти декември и оти она што се обидува Заев да го спроведе во моменто е истото сценарио од пред 2 и пол години, а тоа, како што рече, значи насилно преземање на власта без признавање на волјата на народот и доаѓање до функциите по секоја цена