Ахмети домаќин на средба на лидерите на партиите на Албанците во Македонија

Архивска фотографија, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги поканил лидерите на сите албански партии на средба утре во 13 часот, јавуваат македонските медиуми. Портпаролот на ДУИ потврди дека на средбата се повикани сите албански партии без исклучок. Се очекува да разговараат за можните опции за градење на коалиција и за целокупната ситуацијата која настана по предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 овој месец.