Споделувајќи ја загриженоста на Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа.
"ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи", се наведува во соопштението од Центар за комуникации на партијата.
Ваквата реакција следува откако денеска портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич рече дека комисијата цврсто ја осудува секоја запаллива и опасна реторика вклучувајќи и таргетирање на претставниците на меѓународната заедница во Скопје бидејќи таа ја движи земјата уште подалеку од евроатлантскиот пат, нагласи Коцијанчич.