Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби вчерашната редовна прес конференција ја почна со реакцијата на Вашингтон во врска со политичката ситуација во Македонија. Притоа тој изјави: „Првин за Македонија. Ние сме загрижени поради зголемените политичките тензии во Македонија по парламентарните избори на 11-ти декември и ја осудуваме провокативната реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија. Ние ги повикуваме политичките лидери да ги запрат неоправданите напади, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање веродостојна, стабилна влада посветена на владеењето на правото, одговорноста и основните слободи. САД се подготвени да и помогнат на една таква влада за да се постигне долгорочната цел за евроатлантска интеграција, рече портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.