На изборното место 2011 во општина Теарце во изборната единица шест каде Управниот суд донесе одлука дека ќе има прегласување гласале 404 лица, од 714 запишани во избирачкиот список. Прегласувањето треба да се одржи в недела. Вкупниот број на неважечки ливчиња изнесувал 17. ВМРО ДПМНЕ тенко извојувала победа со 91 глас, наспроти СДСМ со 87 гласови. Од албанските партии најмногу освоила БЕСА- 65, еден помалку или 64-ДПА, а по нив следат ДУИ со 53, Алијанса за Албанците со 25 гласови, а по еден глас добиле и КПК-Трет блок и ВМРО за Македонија.
Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во шестата изборна единица во корист на владејачката партија е 307 гласа. Разликата пак меѓу ДУИ и БЕСА е 15 545 гласови. Во шестата изборна единица, најмногу мандати- 6 освои ДУИ, потоа 4- ВМРО-ДПМНЕ, а по три СДСМ и БЕСА, ДПА и Алијансата за Албанците поделија по две пратенички места.