Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот во „Поткуп“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“ побара изземање на јавниот обвиниел, Владимир Милошевски.

Причината за таквото барање е поради тоа што адвокатите на Заев претходно поднеле кривична пријава против Милошевски, при што Специјалното јавно обвинителство ги информирало дека се постапува по предметот.

Според одбраната на Заев, судскиот процес за „Поткуп“ треба да се стопира се додека СЈО не се произнесе по пријавата. Заев е обвинет за барање мито од струмички бизнисмен.