ВМРО ДПМНЕ го осуди објавувањето некролози за амбасадорите во Македонија

ВМРО ДПМНЕ синоќа со соопштение го осуди објавувањето и ширењето некролози за меѓународните претставници во земјава. Ваквиот акт, велат од партијата, е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре. ВМРО ДПМНЕ, исто така го осудува и говорот на омраза на, како што се вели во соопштението, новинари блиски до СДСМ, а кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата. Јавното повикување на ликвидација на претседателот Груевски, сметаат од партијата, е знак на немоќ на Зоран Заев изразен преку, како што велат, новинарите и порталите диригирани од Бихаќка. Од партијата бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки.