Изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите, беше тема на разговор на денешната работна средба меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и американскиот амбасадор Џес Бејли во Резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје.
- Ахмети ја истакна важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото како и евроатлантската интеграција, соопшти ДУИ.
Тој нагласил дека партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ. Во соопштението од ДУИ се додава дека на средбата Ахмети зборувал и за „одредени групи кои сакаат несигурност, геополитичка нестабилност и непредвидливост на земјата“.
Соговорниците се согласиле да го продолжат дијалогот во наредните денови