Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Во соопштението се наведува дека Заев на средбата со американскиот амбасадор Бејли рекол дека по промените се случуваат незапирливи демократски процеси.
-Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени.
Разбудена е свеста, изјавил Заев и дополнил дека тоа е клучот за перспективна и стабилна Македонија, во којашто доаѓа живот за сите граѓани.