СДСМ најави дека ќе поднесе четири тужби до Управниот суд коишто се однесуваат на гласањето во избирачки места во Шестата изборна единица. Портпаролот на партијата Петре Шилегов денеска изјави дека Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите.
"ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Институциите мора да работат во служба на граѓаните" рече Шилегов.
Тој додаде дека граѓаните се свесни за својата победа и оти ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција. . Претходно, Движењето „Беса“ чии седум приговори беа одбиени од страна на ДИК, а еден беше прифатен, најави дека нема да поднесува тужби до Управниот суд.