ЈО во Гостивар оформи предмет поврзан со прифатениот приговор на БЕСА

Седница на ДИК по приговорите за изборите. .

Јавното обвинителство соопшти денеска дека Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформило предмет за наводите изнесени на вчерашната седница на ДИК за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдењето на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Во таа насока, како што наведуваат ги проверуваат наводите на гласачката дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. ОД обвинителството посочуваат и дека предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.

Во меѓувреме ДИК го прифати приговорот на БЕСА за ова избирачко место. Со 6 гласа за и 3 против, членовите на комисијата донесоа одлука да се поништи гласањето во изборното место, а доколку има разлика да има прегласување на истото.