ДИК ја продолжи расправата по приговорите

авна седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваат приговорите за изборите.

Започна седницата на ДИК на која денеска ќе се расправа по преостанатите приговори на партиите БЕСА и СДСМ од гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Седницата која беше закажано за точно на пладне доцнеше околу два часа. ДИК отфрли седум приговори на БЕСА, а еден е се уште во процедура. Додека пак од СДСМ не беа прифатени три приговори, еден е во процедура, а за останатите четири ќе се расправа на денешната седница. ДИК во моментов расправа за еден приговор на СДСМ за изборната еднициа шест во Тетово.

Стотина поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ повторно се собраа пред седиштето на ДИК за како што велат, да не им се украде изборната победа. Синоќа неколку стотина поддржувачи на владејачката партија, но и нејзини функционери останаа до доцна во ноќта пред ДИК. Улицата пред зградата беше затворена, а насобраните извикуваа „Лопови“ и „Македонија“. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се заканија со гневот на народот доколку ДИК не ја испочитува нивната изборна победа.