СДСМ: ВМРО ДПМНЕ посакува сценарио за судир меѓу граѓаните

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ денеска ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека врши притисок врз Државната изборна комисија. Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори, како што е наведено во соопштението на СДСМ, поради што ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК, а таа институција да остане доследна на законските процедури.

Од СДСМ обвинуваат и дека владејачката партија посакува сценарио за судир меѓу граѓаните затоа што, како што истакнуваат, се уплашени од одговорност за злосторствата што ги имаат направено. Според СДСМ, огромно мнозинство, преку 612.000 граѓани, гласале за промени и никој не смее да си поигрува со волјата на тие граѓани.