БЕСА реагира на одлуката на ДИК за приговорите

Macedonia - Besa, a political party - N/A

Движењето БЕСА реагира на неприфаќањето на нивните приговори од Државната изборна комисија со што, како што наведува во соопштението, на ВМРО-ДПМНЕ и е овозможено неправедно да добие еден пратенички мандат од Втората изборна единица кој им следувал ним. На ДУИ и ДПА им порачува дека нивните претставници во ДИК не одзеле пратеник на Движењето БЕСА, туку пратеник на Албанците во Македонија.

„Денес уште еднаш се потврди дека ДИК донесува одлуки со политички диктат, но беше многу болно да гледаш како албанските претставници во неа, тие од ДУИ, ДПА, и тој кој наводно е независен, го штитеа интересот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски повеќе од самите претставници на Груевски во оваа комисија. Во ваква ситуација, кога повеќе не и веруваме ни на ДИК, ниту на правдата во оваа земја, последната надеж е дека многу брзо на местото на претставникот на ДПА, или поточно, на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бедредин Ибрахими, ќе биде претставникот на Движењето БЕСА и ова ќе биде можност оваа многу значајна институција за демократијата во земјата да биде ставена на вистински пат“, пишува во соопштението-реакција на Движењето БЕСА.