Груевски знае дека не може да состави влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на партиското седиште во Битола. Тој рече дека без разлика на денешните одлуки на ДИК, ќе се создаде европска влада, чие дејствување и состав на идниот Парламент ќе се потпираат на Европската конвенција на човекови права, но оти Груевски ќе го нема во идната Влада.
„Сега е период кога одлучува ДИК, ако има потреба ќе одлучува и Управниот суд. Мандатите дали ќе бидат 51-49 или 50-50 или СДСМ 50, ВМРО-ДПМНЕ 49, тоа не влијае на формирањето на Владата. Владата ќе се формира без Никола Груевски, тој не може да ја формира новата Влада“, рече Заев.
Тој додаде дека со Груевски не се гледаат низ нишан на пушката, туку комуницирале за време на изборниот процес, па дури и во периодот на молкот. Им порача на граѓаните дека нема да не се плашат зашто нема да изгубат ништо, туку дека ќе изгуби само врхушката на власт.