Германија ја депортира првата група од 50 авганистанци чии апликации за азил биле одбиени. Адвокатите на бегалците изјавија дека авионот со депортираните полетал од аеродромот во Франкфурт додека стотици демонстранти скандирале слогани барајќи да запрат депортациите. Германија презеде околу 890 илјади мигранти во минатата година, главно од Авганистан, Сирија и Ирак.