Ѓорчев – Нема да дозволиме Заев да ја украде победата

Влатко Ѓорчев

Поразениот Зоран Заев сака да ја украде убедливата победа и тоа нема да го дозволиме, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во партиското седиште. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ победи и во број на пратеници и во освоени гласови и во победи по општини.

„За тоа кој ќе ја составува владата не одлучува Зоран Заев, туку граѓаните на Република Македонија“, рече тој.

Според Ѓорчев, победата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија и меѓународните институции и ДИК. Ѓорчев рече дека народот нема да му дозволи на Заев да ја украде демократски изразената волја на граѓаните.

„Си играат со трпението на трпелив човек. Си играат со гневот на трпелив човек“, рече Ѓорчев, порачувајќи ми на Заев да не ја турка државата во сценарио што не е добро.

„Тој директно упати повик до ДИК за фалсификат“, рече Ѓорчев.