Им порачуваме на сите партии што добија пратенички мандати, освен ВМРО-ДПМНЕ, да не помислуваат да ја погазат волјата на мнозинството, кое гласаше за промени. Режимот не смее да формира влада. Груевски не смее да формира влада, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција во партиското седиште.
„Се знае кој ќе формира влада“, рече неодредено Заев, што наиде на аплауз од присутните приврзаници во штабот на СДСМ.
Заев рече дека конечните резултати допрва следуваат и оти вистинскиот резултат на изборите е 50-50 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Има разлики во резултатите од избирачките места со податоците што ги објави ДИК, рече Заев и најави приговори.