Ѓорчев: Потврдена победата, Груевски мандатар

Прес конференција на Влатко Ѓорчев од Изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која победи на парламентарните избори и мандатар ќе биде Никола Груевски изјави на прес конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што вели, ако има доблест да се јави и да ни ја честита победата, затоа што победија граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ победи со 20 илјади гласови разлика а победа имаат во 6 од 7 изборни единици.

„ Не очекуваме дека Зоран Заев ќе се обврзе на тоа што го вети дека ако има еден глас помалку ќе поднесе оставка. Но пред 2 милиони граѓани рече дека ако има еден глас помалку ќе преземе политичка одговорност и ќе замине од раководното место на СДСМ. Одлуката е негова, одлуката е на членството на СДСМ но она што го кажаа пред неколку дена, самите нека одлучат дали ќе го почитуваат или не“, рече Ѓорчев.

Побара од СДСМ и Зоран Заев да покажат, како што вели, европски манири, европски да честитаат и да ги верификуваат изборите.