Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ се собираат пред ДИК

Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ се собираат пред седиштето на ДИК во Скопје

Неколку десетици членови и симпатизери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во моментов се собираат пред просториите на Државната изборна комисија, која најави дека во 21 часот ќе одржи прес-конференција на која треба да ги соопшти конечните изборни резултати. Полицијата го блокираше главниот влез во ДИК, а новинарите се пренасочуваат од спореден влез. Комисијата ја обезбедуваат и десетици полицајци.

Приврзаници на владејачката партија преку социјалните мрежи повикуваат на протест за да не се дозвили, како што велат, да им биде украдена изборната победа.

Според првичните резултати, ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите со околу 17 илјади гласови разлика, но ДИК синоќа не го соопшти распоредот на пратенички мандати.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ попладнево на прес-конференција ја повика ДИК да ги објави конечните резултати.

„Да не помислат да ја фалсификуваат волјата на гласачите“, рече попладнево тој.