МВР: Седум кривични пријави за изборни нерегуларности

Директорот на униформираната полиција Митко Чавков и портпаролот на МВР Јордан Ламаноски

Седум кривични пријави и 18 приведени е крајниот епилог кој вчера го евидентираше министерството за внатрешни работи. Во нивното соопштение е наведено дека две кривични пријави се поднесени за „уништување на изборни исправи“ додека останатите се однесуваат на делата „повреда на тајност на гласање“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „спречување на избори и гласање“, „уништување на изборни исправи“, „насилство“ и „оштетување туѓи предмети“.

Меѓу другото евидентирани се и 8 прекршоци за сликање на гласачко ливче со мобилен телефон кои ќе влезат во прекршочна постапка. Приведени биле 18 луѓе од кои 8 под сомнение дека сториле кривично дело, а 7 сторени прекршоци според изборниот законик.

До МВР вчера пристигнале и 6 пријави за злоупотреби на службена должност на полициски службеници, за кои подоцна преземале мерки надлежните од Одделот за внатрешна контрола.